ВИДЕО: Тежок е пожарот кај Николич, најкритичен кај „Самоков“ – се гаснат во воздух

Од:

Хеликоптер на МВР учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич кај Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување е вклучен во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола.

– Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосем мала брана која што хеликоптерот ја користи за полнење на вода и дејствува врз овој тежок пожар кој се наоѓа на исклучително стрмен терен. Затоа денеска го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот. Моја претпоставка е дека за неколку часа овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, а верувам и изгаснат, вели Ангелов.

Ангелов се надева дека денеска под контрола ќе биде ставен и пожарот над фабриката Самоков во Македонски Брод.

Рано утрово, како што информираше, целосно е изгаснат и пожарот што три дена гореше во атарот на Чучер Сандево.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

Ангелов: Имаме индиции дека пожарот кај Батинци е намерно подметнат

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава