(ВИДЕО) Тевдовски: Еве решенија за поголем извоз

Од:

Растот на извозот на домашните претпријатија е клучен за остварување на одржлив економски раст повисок од 6% годишно. Особено за земја како Македонија со мал внатрешен пазар. За жал, поради несоодветни политики, Република Македонија остварува понизок раст на извозот од соседните земји. Според UNCTAD1, годишната стапка на раст на извозот на Македонија во 2013 година изнесува само 6,6%. Тоа е многу понизок раст на извоз во споредба со земјите од соседството како Србија (28,7%) и Албанија (18,4%), вели Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

Постојат два главни проблеми на стратегијата на актуелната власт. Прво, новиот извоз има многу висока увозна компонента, т.е. неговата додадена вредност е мала. Второ, власта се фокусира единствено на извоз од странски компании на кои им дава огромни привилегии.

А, домашните претпријатија се целосно заборавени.

За СДСМ, домашните претпријатија се основата на македонската економија. Ние сметаме дека тие треба да добијат поддршка и поттик за ширење на странските пазари.

СДСМ предлага три директни мерки за поттикнување на извозот на домашните претпријатија:

1. Доделување на градежно земјите, ослободување од комуналии и увоз на потребна опрема без давачки за секое ново извозно ориентирано претпријатие коe ќе вработи најмалку 10 нови лица.

2. Државна гаранција во висина до 30% од потребните финансиски средства за изградба на нов извозно ориентиран капацитет која ќе го олесни одобрувањето на кредит од деловна банка. Исто така покривање на трошоците за камата во првите 3 години.

3. Брендирање на македонските производи со парична поддршка до 4 илјади евра по претпријатие. Целта е да им се помогне на домашните мали и средни претпријатија, околу креирање на адекватно лого, дизајн на пакувањата и маркетинг план за промоција или ребрендирање. Ова е потребно бидејќи многу домашни претпријатија имаат добри производи кои не се соодветно спакувани и тешко се препознаваат како бренд. Со реализација на оваа мерка македонските производи ќе станат препознатливи брендови за купувачите.

СДСМ превзема обврска овие мерки и решенија да ги реализира при доаѓањето на власт.

Овие решенија се само дел од нашиот пакет мерки за поттикнување на извозот кои дополнително ќе ги промовираме.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”