(ВИДЕО) Тевдовски: Дупката на ПИОМ стана 370 милиони евра, еве решение

Од:

Веќе никој во државава нема дилема дека воведувањето на обврската за плаќање придонеси на договорите за дело и за авторските договори, од 2015 година, има само една цел: Полнење на државната каса, вели Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

Зголемен е дефицитот за 13 милијарди денари за 8 години! Ова е резултат на неуспехот на власта да ја зголеми вработеноста и со тоа да влијае на зголемување на изворните приходи на Фондот, додава тој.

Дупката годинава надмина 22 милијарди денари или 370 милиони евра.
Таа дупка денес изнесува колку платите, придонесите и надоместоците за целата државна и јавна администрација.

Да биде уште пострашно, проекциите во предлог Буџетот на Република Македонија за 2015 година покажуваат дека со воведувањето на обврската за плаќање придонеси за договорите за дело или авторските договори, како и можноста за одложено одење во пензија, власта не очекува намалување на создадената дупка во ПИОМ.

Извор: Завршни сметки на Буџетот на Република Македонија и Буџет на Република Македонија за 2014 година и 2015 година

Дупката во фондот за ПИОМ покажува дека даночната политика на власта не вродува со плод и дека ќе ја воведе државата во катастрофална состојба.

СДСМ не е против зголемувањето на пензиите. Напротив, СДСМ ќе продолжи со нивно зголемување. Имаме реална и ефективна мерка како тоа да се спроведе.

Ние сметаме дека даночниот систем треба да биде прогресивен, каде што богатите ќе плаќаат данок по повисоки стапки од сиромашните.

Во оваа насока сметаме дека решението на дупката во фондот за ПИОМ е во напуштањето на регресивниот модел на плаќање придонесите и премин кон пофер модел. Со тоа, од една страна би се отстранило ограничувањето за највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од шест просечни плати, а од друга страна ќе се ослободат од плаќање придонеси лицата со најнизок доход.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски