ВИДЕО: Тепачки пред влада, превртени коли, употребен солзавец

Од:

Полицијата употреби солзавец за да ги растера младите кои протестираа поради тепаните Албанци од вчера. Демонстрантите кои тргнаа од пред Јаја-пашината џамија откако стигнаа пред владата, почнаа да фрлаат со камења кон полицијата која беше во голем број распоредена пред владината зграда.

Поголем инцидент настана откако полицијата не дозволи групата да тргне накај скопскиот плоштад, по претходниот судир пред владата од каде демонстрантите ги потисна полицијата. Младите кршеа кај новиот музеј и владата, а полицијата неколку пати испука солзавец за да ги разбие. Има повредени полицајци, а дел и поради тоа што немаа заштитни маски за солзавецот.

Претходно демонстрантите маваа со камења, корнеа сообраќајните знаците кај влада, го фрлија македонското знаме, откако беа спречени да го запалат.

Приведен е организаторот на протестот а полицијата апси и други учесници за кои има информации дека вандалски и насилно се однесувале.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ