ВИДЕО: Тепачка за говорницата, Авировиќ направи циркус

Од:

Тензично во Комисијата за финансирање и буџет. Скандалозно однесување на пратеничката Владанка Авировиќ од партијата на Ѕинго, која се обиде од Законодавниот дом да направи пазар.

Половина час, без никакво деловничко право стоеше до пратеникот Jани Макрадули и го попречуваше да говори, иако тој имаше добиено право да говори.

Јани Макрдаули укажа дека со однесувањето, ВМРО-ДПМНЕ сака да го урниса Собранието.

„Никој нема право да си гласа како што си сака. Бонева може да предложи стој на раце да прават кога ќе се образложува амндманот. Ова е борба за граѓаните на Република Македонија“, рече Макрадули.

На почната расправа, Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија, стана и не дозволуваше да продолжи дебатата бидејќи требало да се почека министерот за финансии.

Претседавачот објасни дека Ставревски знаел дека седницата ќе почне но не дошол. За власта , дебата без претставник од Владата не е според Деловникот.

Oпозицијата извикувaше „Лопови, лопови“ и прашуваше зошто и за Законот за бранителите не се барале овие услови.

Пратениците од власта тропаа по масите и не дозволуваа да се говори.

Макрадули ги потсети дека ова не е за прв пат вака да се однесува ВМРО-ДПМНЕ, и друг пат блокирале носење на буџет, а и други закони кога во собрание влегоа со транспаренти и барабани, а Никола Груевски му ја зема картичката на тогашниот претседател Љупчо Јордановски.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски