ВИДЕО: Тепачка во Ново Лисиче, две групи се пресметаа на паркинг

Од:

Тепачка во која учествуваат повеќе лица се случила вчера на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа како еден од инволвираните силно удира друг човек кој е легнат на земја. Дел од присутните го спречуваат.

– На 11.09.2022 во 15.40 часот било пријавено дека во Скопје на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Г.(41), С.Г.(72), Д.К.(34) и Н.С.(45), од една страна, и А.Ј.(35) и А.Ј.(31), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодвeтен поднесок се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски