ВИДЕО: Тензии во Охрид, протестираа оние кои не се членови на СОНК

Од:

Во напната атмосфера проследена со големи тензии помина денешниот редовен состанок на регионалниот одбор на СОНК од Охрид. Членовите на регионалниот одбор на СОНК пред просториите беа пречекани од контра – протестанти кои наводно сакаа да спречат барање за оставка од претседателот на СОНК од Охрид, Аце Речкоски.

Неинформираноста на протестантите за што точно се дојдени да протестираат пред седиштето на СОНК остава сомнеж дека власта повторно ја пуштила во употреба старата практика на организирање на контра – митингаши.

А1он од извори во одборот дознава дека најголем дел од денешните протестанти не ни биле членови на СОНК.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков пред доаѓањето на состанокот негираше дека доѓол да побара оставка од претседателот на регионалниот одбор и дека тој ниту може да именува ниту да разреши претседател на регионален одбор.

Ниту јас назначувам некого, ниту јас разрешувам. Согласно статутот многу се јасни процедурите како се доаѓа до претседател. Не сум јас тој кој што можам да назначам или да разрешам некого – рече Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Во име на наводните контра-демонсранти кои денеска беа собрани пред седиштето на СОНК во Охрид изјава за медиумите даде професорката Благородна Хаџи Јовановска за која не е јасно дали воопшто е член на СОНК.

Ние како членови на СОНК од Охрид застануваме зад одлуката на претседателот Ацо Речкоски затоа што во нејзиното донесување застануваме ние. Со насилната промена на Речкоски претседателот Неделков покажува дека работи против волјата на регионалното синдикално членство. Затоа јавно бараме заминување на Неделков од челната позиција на СОНК – рече Благица Хаџи Јовановска професор во едно од средните училишта во Охрид.

jovanovska

Претседателот на регионалниот одбор на СОНК од Охрид, Аце Речкоски и самиот не можеше да потврди дали присутните демонстранти кои денеска беа собрани за негова наводна поддршка биле членови на СОНК.

Демонстрантите се членови на СОНК, имаше голема маса на луѓе кои не можев сите да ги видам. Знаете, не можам сите да ги препознам – рече Речкоски.

rackoski

Инаку, пред почетокот на состанокот претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека регионалниот одбор не може самиот да носи одлука која ја засега целата организација.

Тие можат да носат самостојни одлуки само доколку регионалната организација ја засега на локално ниво. Со денешните контра – протести власта уште еднаш покажа дека нема да бира средства да го спречи најавениот штрајк на СОНК.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена