ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Од:

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска изнесе обвинувања за, како што наведоа, тендерска мрежа на фирми поврзани со лица блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ и кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски.

Според АКТ, фирмата „Пирамид билдинг солушнс“ во изминатиот период добила 51 тендер во вкупна вредност од околу 16 милиони евра од општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ тврдат дека преку нивната дигитална платформа „МИЦКО.мк“ утврдиле дека сопственикот на фирмата бил член на избирачки одбор предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Од АКТ наведоа дека тендерската мрежа, како што ја опишуваат, се проширува преку поврзани семејни и партнерски компании кои добивале договори од институции под надлежност на власта.

Како пример, беше посочено дека Оливера Доновска, сопруга на сопственикот на „Пирамид билдинг солушнс“, има деловна поврзаност со Филип Гулевски преку друга фирма, која, според тврдењата, добила тендер за проектирање и изградба на спортски сали во општините Крушево и Аеродром, во вредност од 1,1 милион евра, финансиран од Министерството за спорт.

На денешната прес-конференција, СДСМ изнесе и нови обвинувања, наведувајќи дека мрежата на фирми води до кабинетот на премиерот и до Владимир Нелоски, шеф на неговиот кабинет.

Според АКТ, Оливера Доновска е сопственичка и управителка и на фирмата „ТРГО СТРОЈ ДОО Скопје“, основана во 2019 година, а на 11 април 2025 година како содружник во фирмата се приклучил Јовица Нелоски, татко на Владимир Нелоски.

Од СДСМ оценија дека овие поврзаности укажуваат на системска злоупотреба на јавните средства преку тендери доделени на фирми поврзани со функционери или нивни блиски роднини.

Во таа насока, од партијата посочија дека додека, како што наведоа, нема средства за зголемување на минималната плата, платите и пензиите, се одвојуваат значителни суми за јавни набавки.

Од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата засега нема официјална реакција на изнесените обвинувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Мицкоски од Минхен: Пораките на Рубио се јасен сигнал – светот веќе не функционира по старите правила

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он