По година и половина од пресудата за „Рекет“, Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски-Боки 13 во интервју за „А1он“ првпат зборуваше за торбата „Луј Витон“, судските процеси, средбите на неговиот син со политичари. Во интервјуто, тој раскажува и за односите со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, но зборува и за неговото познанство со шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Миле Јовановски, зборува и за тоа од каде се најдени пари за отворање на „1ТВ“, но и како и зошто се затвори медиумот. Во интервјуто, посочува и какви закани добивал неговиот син Бојан, како и од кого доаѓале. Одговара и на прашања поврзани со средбите на Боки 13 со политичари и бизнисмени, а кажува и за моментите кога бил однесен во затвор. Јовановски говори и за „Меѓународен сојуз“, пресудата за претепувањето на свештеното лице, но и за односите на Боки 13 со Зоран Милески-Кичеец.
Прашан дали има докази за сите тврдења изнесени во интервјуто, Јовановски посочи дека стои зад се што кажал, а дел се докажувало со пораките од телефонот на неговиот син Бојан.
Интервјуто ќе биде емитувано на 3 јануари на „А1он“.