(ВИДЕО) Таткото го организирал киднапирањето на Вања за да изнуди пари од мајката: Палевски со пиштол ја усмртил девојката

Од:

Таткото на Вања им дал информации на киднаперите, а Палевски го пиштол ја усмртил девојката, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објаснувајќи ги деталите за киднапирањето на прес-конференција во Основното јавно обвинителство.

– МВР под водство на ОЈО во текот на изминатата ноќ го расчисти слуучајот откако вчера се добија информации и се обезбедија докази и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. Иако за жал завршницата не не доведе до исходот кој го посакувамвме сите, да ги пронајдеме живи, туку малолетничката и 74-годишното лице од Велес беа најдени убиени и закопани во близината на Скопје, односно во Велес. Сакам да изразам најдлабоко сочуство до семејствата на жртвите, ова го велам во името на сите.

Во врска со двата случаи осомничени се пет лица од кои три се веќе во притвор. Едно е надвор од земјава, а таткото на малолетничката е приведен и со него е извршен распит.

Како што сте запознати, мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и со знаење на член на семејството организирало извршување на кривичното дело со цел да изнудат пари од мајката на Вања – рече Спасовски.

Што се однесува за лицето од Велес кое нема врска со Вања, поради нерасичстени односи со осомничените, му е одземено возилото. Малолетничката била одземена во влезот на зградата откако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторите за денот на излегувањето на девојчето, откри Спасовски.

– Главен организатор и извршител според сегашните докази е осомничениот Палевски, кој некаде околу 10 часот на 27 ноември ја усмртил малолетничката. Ветувам дека овој монструм на кој му ја следиме трагата, ако час поскоро стапне на наше тло, ќе биде изведен пред судот – додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Продолжува сведочењето на Љупчо Палевски, првообвинет за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски

А1он

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Таткото на Вања низ солзи сведочеше, тврди дека не ги познава другите обвинети: Тие не чувствуваат ниту вина ниту покајание

Катерина Ѓуровски

Кешишев бил домар во „Десна“, правел се што му кажувал Палчо, за убиствата не кажал оти го „опоменале“

Катерина Ѓуровски

Таткото на убиената Вања, Александар, треба сведочи денеска

Катерина Ѓуровски