(ВИДЕО) Татко му на Боки 13: Не сум Силвестер Сталоне да го истепам попот за 1 минута

Од:

Поради отсуство на скопската обвинителка, Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13, обвинет дека му нанел тешка телесна повреда на попот Виктор Стојчев кој е оштетен во постапката и дојде со неговата сопруга.

Судијката Александра Ристеска рече дека не добила известување за отсуството на обвинителката која била уредно повикана. Адвокатката на Миле Јовановски, Јелена Симиќ, рече дека не им бил дозволен увид во доказите на Обвинителството иако тоа го барале со ургенции.

Боки 13 е сведок во оваа постапка, но судот не го повикал поради економичност на постапката.

Следното рочиште е закажано за 12 ноември. Излегувајќи од судот, Миле Јовановски рече дека не бил Силвестер Сталоне за да го истепа попот за една минута, кој пак му бил сосед.

„Не сум Силвестер Сталоне да го истепам за една минута“, рече Јовановски на излегување од судницата.

Јовановски рече дека не знае ништо за случајот „Рекет“: Не знам ништо, немам појма.

Често се случува во судот да не доаѓаат обвинители. Утрово и обвинителката која го застапуваше обвинението, побарала изземање за случајот со малата Тамара.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески