(ВИДЕО) Тасевска: Сликата на Силјановска со Ковачев потврда за соработката на македонското и бугарското ВМРО

Од:

Она што го нудат ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска е враќање назад во изолација и мрачно минато. Овие денови граѓаните може да видат дека ДПМНЕ ги врати на сцена насилниците од 27 април и тоа токму на промоцијата на Силјановска. Нема никаква промена во ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо добро. Давкова во македонското Собрание ги спроведуваше политиките на ДПМНЕ за блокади и кочење на економските мерки но и на европскиот пат на државата, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

– Застанува директно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ. Гледаме и нејзини фотографии со негаторот на македонскиот јазик, идентитет, култура, Андреј Ковачев. Силјановска гордо стои со Ковачев, кој не негира како народ. Граѓаните очекуваат одговори од Силјановска. Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува.

Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре. ДПМНЕ не може да донесе никаква промена ниту нешто добро за Македонија, за македонскиот народ, може само да им наштети на националните интереси и на европскиот пат. Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа – рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

Колку чини чаната на сопругата на Орце Ѓорѓиевски: СДСМ вели 30 илјади долари, таа одговори дека е 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски