(ВИДЕО) Тасевска: Ништо не е сменето во ДПМНЕ, фатени се во нова лага, немаат собрани потписи за Силјановска

Од:

ДПМНЕ се фатени во нова лага, немаат собрани валидни, законски потписи за нивната кандидатка, Гордана Силјановска. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење невистини. ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, и тоа повеќе од потребните. Но, се покажа дека не е така. ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

– Како што ги лажираат анкетите така се обидоа да го лажираат и собирањето потписи. Бидејќи немаат собрано валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.

Силјановска е само продолжена рака на нејзината партија. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје. Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски – рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ