ВИДЕО: Тарчуловски положи цвеќе пред споменикот на бранителите

Од:

Јохан Тарчуловски попладнево во придружба на премиерот Никола Груевски и високи владини претставници положи цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.

Потоа се упати кон централната бина на Градскиот плоштад каде се очекува да има обраќање. Притоа помина под Портата Македонија. Во тој момент, симболично, над Портата прелетаа два воени хеликоптера.

На бината беше пречекан со изведба на песната „Добредојде“ од неговата сопруга Соња Тарчуловска, како и со „Тешкото“.

Пред споменикот на бранителите по Тарчуловски цвеќе положија и припадници на МВР, како и претставници на Здружението на загинатите во конфликтот „Херои на Македонија“.

Во паркот и на плоштадот Македонија се собрани голем број граѓани, членови на неговото семејство, пријатели и поддржувачи, владини министри и пратеници.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска