Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Од:

Јохан Тарчуловски денеска на покана од градоначалник на Општина Штип, Илчо Захариев се сретна со него во неговиот кабинет.

Тарчуловски изјави дека поканата ја прифатил бидејќи од страна на штипјани добивал голема поддршка додека бил во Хаг, а исто така Штип е и градот на познати револуционери.

– Изненаден сум од поканата на градоначалникот Захариев. Веднаш по посетата на моето родно Љубанци, дојдов во Штип, град кој ме поврзува со мојата сопруга, рече Тарчуловски.

Граданочалникот Захариев рече дека Тарчуловски е голем херој и пример за останатите како се брани честа на една држава.

– Тарчуловски денеска е во најмакедонскиот град, каде се родени Тодор Александров, Никола Кљусев, генерал Михаило Апостолски, рече Захариев.

Прашан кои му се плановите за во иднина, Тарчуловски одговори дека ги има многи, но прво ќе се посвети на семејството, а подоцна, вели, работите ќе си дојдат на своето место.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска

Претседателот Иванов ќе го прими Тарчуловски

Ана Ололовска