Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Од:

Добредојде на Јохан Тарчуловски денеска му посака претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на средбата во вилата „Водно“ на која присуствуваа и сопругата на претседателот Маја Иванова и семејството на Тарчуловски.

На средбата, претседателот Иванов посака никогаш повеќе никому да не му се случи она што го помина Јохан во изминатите осум години.

– Никогаш да не се повторат случувањата во нашата татковина од 2001 година. Треба да се фокусираме на иднината, порача Иванов, оценувајќи дека враќањето на Јохан Тарчуловски во Македонија треба да претставува чекор напред кон натамошното помирување и градење на соживотот во Македонија, онака како што отсекогаш се практикувало на овие простори во минатото.

Јохан Тарчуловски се заблагодари за приемот кај претседателот Иванов и почестите што во негово име ги приреди Република Македонија.

Пред средбата со претседателот Иванов, Тарчуловски во вилата „Водно“ беше поздравен и од неговите поранешни колеги од Кабинетот на претседателот на Република Македонија. Јохан Тарчуловски беше член на обезбедувањето на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Претседателот Иванов ќе го прими Тарчуловски

Ана Ололовска