Претседателот Иванов ќе го прими Тарчуловски

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го прими Јохан Тарчуловски.

Јохан вчера откако пристигна на аеродромот „Александар Велики“, се сретна со премиерот Никола Груевски и со високите владини претставници во чија придружба потоа положи и цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.

Со владиниот авион пристигна на скопскиот аеродром вчeра околу 15 часот, а на пистата беше пречекан од неговите деца и премиерот Груевски.

Пред насобраните граѓани на скопскиот аеродром Тарчуловски порача дека жртвата за Македонија нема цена. – Како што ќе рече Гоце Делчев за делото нема почеток и нема крај. Немам зборови да го искажам тоа што го чувствувам денеска. Во моите први зборови на ова свето македонско тло сакам да изразам голема, гоолема благодарност до сите македонски бранители, сите ониe кои се со нас сега и сите оние кои ги дадоа животите за Македонија. Нивното дело треба да се почитува и да се цени. Помина долго време, ми недостасувавте, ми недостасуваше Македонија. Им благодарам на сите. Да живее Македонија, рече Тарчуловски.

На скопскиот Плоштад вчера беше организирана прослава во чест на неговото враќање. Настапуваа македонски пејачи од забавната и фолк естрада.

Јохан Тарчуловски завчера беше ослободен од германскиот затвор во Диц откако издржа две третини од 12-годишната затворската казна што му ја изрече Хашкиот трибуналот за воени злосторства за случувањата во скопското село Љуботен.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска