(ВИДЕО) Таравари: Алијанса нема понуда да биде дел од власта, тоа е спин на ДУИ

Од:

Алијанса за Албанците нема никаква понуда да биде дел од власта вели претседателот на партијата Арбен Таравари.

– За тоа дека ќе бидеме дел од мнозинство мислам дека повеќе е спин од ДУИ. Таму има интересни настани, поделени се во 3-4 фракции. Не може да се разбере кој со кого е. И мислам дека им понираат вакви теми. Првпат ме прашаа пред пет-шест недели. Повторно ќе кажам ние не сме човек партија, туку сме партија која што има тела на партијата и ако има таков предлог, засега нема ништо ова е само шпекулација. Ако има таков предлог мислам дека не треба одлуката да ја донесе само претседателот туку треба сериозно да се разгледа во партиските тела и да се донесе одлука, без разлика каква е – истакна Таравари.

Алијанса за Албанците во текот на следната недела ќе ги објави условите за гласањето за уставни измени.

– Едно од барањата ќе биде и еднаш за секогаш да ја тргнеме формулацијата 20 отсто и да биде барем како што беше во Југославија, македонскиот и албанскиот јазик беа јазици коишто официјално се користеа. За тоа мислам дека има подготвеност од сите македонскиот партии – рече Таравари.

Би можело да ве интересира

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула