(ВИДЕО) Тепачка на Правен факултет, со сила однесена кутијата со едвај десет гласа

Од:

Тепачка на Правниот факулет помеѓу студенти за кои од Пленумот тврдат дека се членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и студенти од Студентскиот Пленум.

Инцидентот настана кога групацијата која ги изведуваше овие студентски избори не успеа да собере студенти кои ќе гласаат за изборот на нов студентски лидер, па за да не се види срамот и дека немаат поддршка ја украдоа гласачката кутија.

Во тоа според Пленумот учествувале и лица од надвор како и членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. По инцидентот останаа расфрлани избирачките ливчиња кои не беа употребени за гласање, односно поради малиот или никаков одзив на студентите останаа празни.

Студентскиот пленум ги бојкотира иборите зошто се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори но и поради политичката заднина на изборите на кои повторно власта сака да намести свои послушници.

– Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат.

– На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот, кажаа тие.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот