(ВИДЕО) Талески: Згаснаа 62 млади животи, истрагата за Кочани се затвора без ниеден обвинет актуелен функционер

Од:

Во Кочани изгореа 62 млади животи. Изгореа во дискотека која работела незаконски, под носот на институциите. Изгореа во објект кој требало одамна да биде затворен. Изгореа зад заклучени врати, по наредба на актуелните службеници во МВР. И денес, додека родителите плачат, а државата треба да донесе правда, директните виновници се штитат од истрага. Три месеци по трагедијата, нема вина, нема одговорност за оние кои ако делувале вечерта, трагедијата ќе била спречена. Вистинските виновници сè уште се на слобода, изјави Миле Талески – пратеник на СДСМ.

– Началници, инспектори, министри – сите тие кои требало да спречат се штитат во истрагата. Истрагата се затвора без ниеден обвинет актуелен функционер. Наредбата со која била затворена вратата на дискотеката, клучната причина за високата бројка на жртви, до ден денес е мистерија. Никој не признава. Никој не потпишал.

Никој не знае ништо. И сите зборуваат за сè освен за суштината. Кој е одговорен за тоа што децата не можеа да излезат живи? Оперативниот план на полицијата, наместо да се отвори пред јавноста, е прогласен за тајна. Зошто се крие вистината за одговорноста на полицијата? Додека трагедијата уште боли, се штитат директните виновници. Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, човекот кој ја дал наредбата, добива политичка заштита од својот поранешен адвокат сега министер, и од самиот Мицкоски. Драган Петрушев Казак, службеникот што ја спровел наредбата, иако знаел дека е спротивна на процедурите. Кристина Јованова, која дозволила фирма со блокирана сметка да работи на црно, да организира забави за деца. Томо Донев, кој не мрднал прст, ни кога било јасно дека се користи пиротехника без дозвола.

Фирмата ММММ ДООЕЛ, без дозвола за пиротехника, без овластени лица, работела без проблем. Не само што никој не ја спречил – се отвора сомнеж дека имала политичка заштита. Дали затоа што била блиска до ВМРО-ДПМНЕ? Затоа што организирала митинзи за партијата? Не добиваме одговор ниту на ова прашање. Почитувани граѓани, ова е системско злосторство. Кога државата не ги штити децата, туку ги штити оние што ги загрозиле, тоа веќе не е држава. Тоа е режим. Сите гледаме дека одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување. Кај последните во синџирот, но обвинителството е слепо за оние над нив. Се бараат виновници од 2012 година на ваму, но не и оние кои вечерта можеле да го спречат пожарот. Никој не сака да погледне во вистинските виновници и тоа е трагедија за целиот овој процес. Но народот гледа. Родителите паметат. И СДСМ нема да молчи. Ова не е политичка пресметка – ова е должност. Ќе ја раскажеме вистината за Кочани, секој ден, секој детал, сè додека не паднат маските и не се појават сите имиња – и од полициските командни штабови, и од владиниот врв. Ова е масовно убиство со државен потпис и за тоа ќе има одговорност. Бараме правда за Кочани – кажа Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

Три фирми и 34 лица се обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крмов: Имаме скржава власт која одвои малку пари за настраданите во Кочани

Горан Наумовски

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност