(ВИДЕО) Талески: ВМРО-ДПМНЕ блокира се што е во интерес на граѓаните

Од:

„Значи не се брза со ништо. Во конкретниов случај станува збор за редовна постапка којшто ние како пратеници имаме обврска да ги реализираме сите оние проекти коишто се претходно почнати“, одговори пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на новинарското прашање „зошто се инсистира на циркузантна вечер носење на Законот за спорот меѓу Владата и Макпетрол“.

„Очигледно деструктивното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во секој поглед со нивното функционирање во Собранието, тоа го покажа и со самиот факт што претходно на ребалансот а сега и на буџетот имаше сериозни ситуации во којшто ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните да биде ставена нивната иднина.

Гледате дека во секој поглед без разлика за и каков да е закон тие одат на варијанта да го блокираат. Го блокираат Законот за внатрешни работи со над 500 амандмани, ги блокираат сите оние реформски закони којшто се во правец на подобрување на животот и стандардот на граѓаните“, додаде Талески.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска