(ВИДЕО) Талески: Извештајот на ЕК е потврда за успешните политики на СДСМ, реформите во правосудството продолжуваат

Од:

„Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија е потврда за успешните политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Во Извештајот јасно е наведено дека со новиот Закон за јавно обвинителство, донесен во февруари 2020 година се обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок, но и дека многу ќе зависи од неговата соодветна примена.

Понатаму, во Извештајот на Европската комисија се наведува дека како резултат на реформите во изминатите години Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство и дека треба да се обезбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидуваат натамошни промени во оваа област“, рече Миле Талески пратеник од СДСМ.

„Во однос на владеење на правото и фундаментални права, односно Поглавје 23, Извештајот наведува дека државата има одредено ниво на подготвеност за почитување на ЕУ легислативата и европските стандарди во оваа област.

Овие наоди, како и наодите во областа на изборите и борбата против корупцијата, ја потврдуваат успешноста на досегашните реформи, како и подготвеноста на Владата предводена од СДСМ да продолжи да работи во насока на достигнување на европските стандарди.

Извештајот е дополнителен мотив за парламентарното мнозинство, Владата, сите институции, да работат уште повеќе посветено на реформите што обезбедуваат силен, ефикасен и независен правосуден систем.

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина, време на целосно прочистување на судството и ефикасно и неселективно владеење на правото.

Тоа е важно за нашата европска интеграција, но уште поважно е за нашите граѓани, за нашето општество.

СДСМ продолжува посветено да работи на креирање и реализација на законски решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот и кои не доближуваат до европските стандарди“, изјави Миле Талески пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст