(ВИДЕО) Талески: Бројот на сообраќајни незгоди намален за над 20 отсто

Од:

„СДСМ преку инситуциите што ги предводи е посветена на бескомпромисна борба против криминалот, но и превенција и санкционирање на прекшрувањата на законите.

Посветеноста на Министерството за внатрешни работи за зголемување на безбедноста во сообраќајот дава одлични резултати“, вели Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Статистичките податоци за 2020 година, споредени со оние од 2019 покажуваат силен пад на бројот на сообраќајни незгоди.

Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 има намалување за 21 отсто на сообрајаќни несреќи. За 75 отсто е намален бројот на загинати пешаци. Сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за 47 отсто, додека за 26 отсто е намален бројот на лица загинати во сообраќајни незгоди.

Овој пад на црната статистика, се должи на континуираните контроли и неселективното казнување што го прави полицијата на Северна Македонија.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме силни, ефикасни и професионални иснитуции кои ги спроведуваат законите насекаде и неселктивно.

Остануваме посветени на обезбедување ред, правда и дисциплина на секое ниво“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски