(ВИДЕО) Свештеник на МПЦ: Да се престане веднаш со преговори за името

Од:

„Преговорите за името да престанат“, „Владата да не преговара со Грција“, „Декларација во ООН за прекин на преговорите“ – ова беа дел од пораките кои ги упатија присутните на вечерашниот протест за одбрана на името „Македонија“.

Свештеник на МПЦ, кого „Макфакс“ го праша за став дали треба црквата да се меша во политичките процеси, тој одговори дека треба, зашто ова не биле политички преговори, туку народен протест. На прашање зошто немало протести во 2008 година, кога Македонија на Самитот на НАТО во Букурешт понуди предлог „Република Македонија (Скопје)“, дел од демонстрантите одговорија дека тогаш не биле доволно известени, но дека за протест никогаш не е доцна.

Неколку илјади демонстранти со знамињата на историска Македонија и државното знаме на снегот тргнаа од ЕУ Инфо Центарот и завршија пред Собранието. Пееја патриотски и народни песни, а скандираа „Македонија“ и „Заев предавник“. Дел од нив со себе носеа чадори, топла облека, но имаше и по некое шише ракија.

Во првите редови на протестот беа Антонио Милошоски, Сотир Костов, Тодор Петров, владиците Агатангел и Петар, претставници на македонската дијаспора. Од претседателот побараа амнестија за сите притворени и затворени за настаните во Собранието на 27 април, повикувајќи се на членот 11 од Законот за помилување, а повредените во настаните да ги повлечат тужбите.

В. М.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението