ВИДЕО: Сузбиена криминална група за препродажба на кокаин, приведени пет лица од Арачиново и Неготино

Од:

Приведени се пет лица припадници на криминална група за набавка и дистрибуција на кокаин, во полициска акција вчера на повеќе локации во Скопје и во други градови во државата.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција соопшти дека полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Одделот за специјални полициски операции и СВР-Скопје, во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лишиле од слобода тројца од Арачиново и две лица од Неготино.

– Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против Х.А. (49), Ф.А. (22), Ф.А. (24) сите од општина Арачиново, Р.Г. (27) и П.С. (29), двајцата од Неготино, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик на РСМ. Од досега спроведената истрага утврдено е дека Ф.А. и Ф. А. (браќа) и нивниот татко Х.А. подолг временски период вршеле набавка и продажба на наркотична дрога кокаин по цена од 3000-5000 денари за еден грам на лица во повеќе градови низ државата и тоа во Скопје, Куманово, Тетово, Кавадарци и Велес, преку организирана мрежа на препродавачи и посредници, рече Ангеловски.

Криминалната група по извршената набавка, појасни, во својот дом вршела препакување на кокаинот за понатамошна продажба, а била координирана од Х. А..

– За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се материјални докази и документирани се претходни купопродажби на кокаин. По претходно изготвен план и по Наредба од судија на претходна постапка, на 05.09.2020 преземени се повеќе оперативно тактички мерки и активности и петте лица се лишени од слобода, а извршени се и претреси при што се пронајдени предмети поврзани со истрагата. Лицата лишени од слобода денеска ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, истакна Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи, потенцира портпаролот Ангеловски, продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи