(ВИДЕО) Сугарески: Законот за реформи во медиумите да биде усвоен и имплементиран пред избори

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери денеска до Собранието поднесуваат предлог закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во скратена постапка со барање за одржување на итна седница на Собранието на Република Македонија, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

– Не само усвојувањето туку, и потенцирам, имплементацијата на овој Закон е исклучително важна и нужна, рече Сугарески.

Сугарески кажа дека за да има услови за фер и деморкатски избори, мора да бидат избрани и конституирани новите членови на Советот на АВМУ и Советот на МРТВ.

– Предлогот на новинарските здруженија е во насока на предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите што СДСМ принципиелно го поддржува. Реформите во медиумите за професионално, навремено и вистинито информирање на граѓаните се клучна заложба на СДСМ и еден од условите за фер и демократски избори, рече Сугарески.

Според него, на секој граѓанин му е јасно, без регулација на медиумите и без прочистен избирачки список нема фер и демократски избори.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски