(ВИДЕО) Сугарески: Сакате да го спасите Иванов со 6 членови од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата

Од:

Вие сте предлагач и правите грубо прекршување на Уставот и Деловникот за работа на Собранието. Тоа го направивте во петокот со предлогот, на мускули го изгласавте. Tоа го правите денес на пленарна седница. Членот 206 од Деловникот став 2 е грубо прекршен и вели: Комисијата има претседател и 10 члена, кој на предлог на Комисијата за прашања за избор и именувањата ги избира Собранието, рече Горан Сугарески на 103-та седница на Собранието на Македонија.

Криминално владејачката врхушка ве натера заради импичментот на Иванов, од 11 членови, вие 6 да ставите од ВМРО-ДПМНЕ. Има тука 3 работи каде што аргументите не само што ви се лоши, туку ви се многу слаби. Се повикувате на аргументот дека ВМРО-ДПМНЕ сама во ова Собрание има мнозинство. Тотално неточно. Нема. Ако ги погледнеме бројките од 11, мислите ли дека треба опозицијата да има само двајца на 11 членови во оваа Комисија?

Ако цело време се повикувате на народ и граѓани, дајте да видиме кој прекршува Устав, кој прекршува Закон на Собрание, кој прекршува Деловник.

Вие брутално го прекршивте Деловникот. Не може од 11 членови да им дадете 2 на опозицијата. Кои сте вие тоа да давате? Вие не давате, таму стои соодветна застапеност на пратеничките групи и на пратеници коишто не се организирани во пратенички групи, ама сега вас тие пратеници не ви требаат.

Што правите вие? Мислите дека 6 луѓе во Комисијата ќе го спасат Иванов? Иванов не може никој да го спаси. Не да поништува сега аболиции, па делумно уште покатастрофално, па преку други сведоци да пробува да ги заштитува овие криминалци од влада.

Ова е чисто штитење, сега од шестте луѓе во Комсијата се бара целиот криминал на Владата да го штити со се Груевски.

Што планирате вие да правите? Во рок од 7 дена треба да напишете Извештај. Што ќе напишете во Извештајот? Изјавите на Иванов од вчера. Дека не се војува со сила, се војува со ум? Тој безумие направи за два месеци, каков ум? Човек кој направи безумие, каде што цела македонска јавност, цела светска јавност е изненадена од тоа што човекот направи. И сега вие со овој персонален состав кој што го предлагате на оваа Комисија, каде што има 6 членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе велите сега дајте да напишеме Извештај дека нема прекршување на Уставот. Прекршување на Уставот има сериозно.

Иванов аболицираше врз база на член кој што не постои. Само вие дополнително прекршување на Уставот направивте овде со донесувањето на тој член, нов член, 11а.

Со 6 члена во оваа Комисија вие ќе ги спасите. Не може да ги спасите.

Иванов пред една недела велеше дека нема да аболицира криминални силеџии, после една аболицираше.

Кај вас постои само еден класичен страв. Не може да се напише ништо, цела држава ја украдоа.

Во анкеткана комисија се потепавте да има од независните пратеници. Каде се?

За Димовски не беше поништена аболицијата. Вие поставувате аболициран член на комисијата.

Овде целта е една единствена, како да се спаси човекот кој што ги штити овие криминалци.

По секоја логика на Устав и Закон неодбранливо е.

Заради конфликт на интереси требаше да се повлечете, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

Би можело да ве интересира

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата