(ВИДЕО) Сугарески: Од ВМРО-ДПМНЕ јавно потврдија дека зад неуставната одлука за аболиција стои Груевски

Од:

„Она што јавноста веќе добро го знаеше, денеска јавно го потврди и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Зад срамната, незаконска и неуставна одлука за аболиција стои Никола Груевски.

Очигледно намерно Груевски го избра Илија Димовски да ја соопшти оваа вест“, рече Горан Сугарески, координатор на Пратеничката група на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ лажно изјавуваше дека не се согласува со одлуката на Иванов.

Денеска уште еднаш го потврдија спротивното, се е договорено и спроведено по нарачка на Груевски.

Никола Груевски преку нарачаната аболиција кај Иванов го држи појасот за спасување од кривично гонење за него и неговите соработници.

Едно треба да им биде јасно на сите.

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Целосно поништување на незаконската одлука на Иванов за аболиција мора да има и ќе има.

Правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара“, изјави Сугарески.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски