Се собравме за да им покажеме дека не сме стока, не сме добиток и овци, па да не тераат каде сакаат, туку сме свесни граѓани, кои сами одлучуваат. Премиерот се чудеше и не му беше јасно зашто сме доаѓале тука, кога не полагаме, па нека ја види оваа масовна толпа да му стане јасно дека не сме тука за да гледаме само за себе. Имаме свои браќа сестри, пријатели, не сме само за себе си.
Студентските протести не се обични протести, тие се нешто ново, почеток на нешто многу поголемо. Ова е почеток на надежта и вербата на македонските граѓани, од денес па натаму македонските граѓани не се плашат, почнуваат од една нова Македонија. Ние студентите сме иднината и ние ќе се бориме за таа подобра иднина.
Ние не сме слепи, не сме глуви и дефинитивно, не сме неми, порачаа студентите од пред Владата.
Утрово ректоратот на Св. Кирил и Методиј побара од министерот за образование да биде повлечен законот. најстариот универзитет не поддржа затоа и очекуваме да не поддржат.
Вистината е на наша страна, бараме гласот да ни биде чуен, не да бидат глуви. Наше оружје не е насилството, туку Уставот, чистата мисла, аргументите. Ние сакаме, ние бараме корисни реформи поддржани и подложни на анализи и јавна дебата. Бараме добри реформи, стоп на лошите реформи.
Ние сами ќе се бориме, ако е потребно до последен ќе се бориме. Индекс или пасош е напишано на нашиот барјак, и нема враќање.
Кој друг да сноси одговорност ако не студентите? Ние сме државата, ние сме државата. Идејата е нашиот двигател, ние сме народот, индексот е нашиот двигател. Ако не го слушате народот, не го заслужувате, рекоа студентите кои говореа на протестот.