Долга колона од неколку илјади студенти, денеска напладне тргна од УКИМ и како што најавија им дадоа поддршка на средношколците и нивниот протест против лошите реформи во образованието.
Колоната студенти извикуваа „Приклучете се!“, “Нема правда нема мир!“, „Заедно сме посилни“. „Автономија!“
Од Студентскиот пленум им порачуваат на надлежните да ги слушнат барањата на средношколците, но велат се плашат дека конструктивните предлози до нив не допираат, па веројатно и оваа порака нема да биде чуена. Од друга страна средношколците треба да продолжат да се борат за своите права, за подобар образовен систем за нив и за идните генерации. Според студентите прашање на време е кога средношколците ќе успеат во реализирање на нивните барања.
А.Б.