А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Студентски пленум до Влада: Со сила не се креира образование

by А1он21/04/2015 - 12:4521/04/2015 - 15:27238
Share0

Студентскиот пленум повика на студентски марш, овој пат на марш за поддршка на Средношколскиот пленум, во четврток 23 април со почеток во 12 часот од платото на УКИМ. Студентите ќе маршираат кон Владата и таму ќе се сретнат со средношколците, соединети ќе продолжат кон Министерството за образование и наука.

Добивај вести на вибер

– Студентскиот пленум добро го познава игнорантскиот однос на надлежните кој секојпат настојуваат да бидат единствениот фактор кој ќе ги креира политиките, правејќи се глуви за аргументите кои ги нудат другите општествени чинители. И’ порачуваме на владата конечно да ги напушти позициите на сила како аргумент во дебатите и во креирањето на политики во образованието, но и надвор од него, бидејќи креирање на политики зад затворени врати, ниту е одлика на сериозни политичари, ниту е во согласност со европските принципи на практикување на демократијата.
Студентскиот пленум се сеќава како бевме етикетирани, шиканирани, стигматизирани, ставани во контекст на различни партиски активности, исто како што сега им се прави на средношколците.

Очигледно е дека владата не може да научи од сопствените грешки. Потенцираме дека ние не сме изолиран дел од образовниот систем, а не сме ни глуви, ни слепи за работите што се случуваат. Токму затоа студентите нема да бидат мирни кога има неправда и затоа застануваат цврсто во поддршка на нашите идни колеги – средношколците, онака како што тие не’ поддржаа нас.
Ве потсетуваме господине министре дека се соочувате со најсплотените генерации кои не само што си ги знаат своите права, туку ќе го урнат ѕидот на наметнати политики, рече Христијан Поп Симонов од Студентскиот пленум.

Студентскиот пленум денеска потсети на настаните од изминатите месеци и како студентското движење за само неколку недели стана најмасовното движење во земјата

– На 10 декмеври 2014 и во најтемните сокачиња и најголемите „клиенти“ тивко и тајно ги шепотеа нашите пароли: „Не за екстерно!“ и „Сега ќе не слушнете!“, рече Иван од Студентски пленум
Средношколците бараат министерот Адеми да ги повика на средба за ги изнесат своите аргументи.
Тие бараат да се повлечат измените во полагањето на државната матура и да се врати стариот начин на полагање државна матура. Тие се против електронското полагање на предметите и против екстерното тестирање.
А.Б.

srednoskolcistudenski plenum

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

Катерина Ѓуровски29/08/2024 - 14:18

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Горан Наумовски30/06/2024 - 10:19

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Горан Наумовски12/06/2024 - 15:01

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Горан Наумовски17/01/2024 - 15:25

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Горан Наумовски31/08/2023 - 08:02

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Горан Наумовски15/07/2023 - 09:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен