(ВИДЕО) Студентски пленум до контрадемонстрантите: Имате ли став?

Од:

Откако утрово Студентскиот пленум го блокираше Ректоратот на УКИМ, се појавија и контрадемонстранти, дел од студентите од Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, предводени од своите декани и придружени од вработени од „Македонски шуми“ кои со механизација правеа дупки во тревниците, за да ги стават садниците, на УКИМ се распоредија и специјалци и полиција.

И додека студентите од Студентски пленум и Мугра ги викаа своите колеги да разговараат и да имаат свој став, тие само ги одминаа и со полициска заштита се распоредија покрај металната ограда со кое е оградено каде беа исечени голем број дрвја.

Од Студентски пленум, засиленото присуство на полицијата на универзитетскиот кампус е спротивно на концептот на автономијата на Универзитетот.

– Оттаму прашуваме кој им дал дозвола за влез во дворот на Унивезитетот. Досега никој од нив не покажа каква било дозвола, ниту пак изјави дека има изјава, напротив, убедуваа дека не им треба никаква дозвола. Освен тоа влегуваат и во универзитетските згради. Зошто овие лица влегуваат во универзитетските згради кога за тоа нема никава основа, ниту е сторено некое кривично дело, вели Константин Битраков, од Студентски пленум.

Студентите ќе ја блокираат работата на Ректоратот на УКИМ, денеска, до крајот на работното време, а најавуваат дека ќе протестираат и во наредните денови.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов