(ВИДЕО) Студентите симболично го „погребаа“ Студентскиот парламент

Од:

Ние сме вистинските студенти и сме против екстерното тестирање. Со вакви пароли илјадниците студенти побараа од Студентскиот парламент да не организира само студентски забави туку активно да се вклучи во нивните борба и конечно да ги застапува интересите на сите студенти.

Иако студентите извикуваа пароли со кои ги побараа своите колеги од СПУКМ, никој од оваа организација не излезе на протест ниту прими некој од студентите кои протестираа пред седиштето. Студентите го оспорија легитемитетот на Студентскиот парламент кој ги преставува сите студенти, но и зборува во нивно име, порачувајќи им дека ова е крајот на оваа организација која е продолжена рака на власта.

На раководството му порачаа дека ова е почетокот на протестите, тие нема да запрат, но и дека ова е почетокот на крајот на СПУКМ.

„Видов еден натпис, студенти каде ви е идентитетот. Очигледно идентитетот ни е во студентските забави што ги организираше СПУКМ. Очигледно нашиот идентиет е во 10 отсто кои лобираат за Студентскиот парламент. Нашиот глас нема да биде слушнат ако треба да го пренесе СПУКМ. Само вака ќе се слушне нашиот глас, а не СПУКМ кој пропагира политика“, рекоа студентите.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот