(ВИДЕО) Студентите не протестираа, „замолија“ да не ги снимаат

Од:

Околу триесетина студенти се собраа пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ во кругот на универзитетот нo не протестираа како што првично беше најавено против одлуката и тие да бидат дел од екстерното тестирање.

Побараа од медиумските екипи да не ги снимаат поради тоа што немаат изграден став. Дел од нив биле со спротивставени мислења, а имало и дел кои го поддржуваат проектот на Владата.

Незадоволството кое го искажа група на студенти за екстерното тестирање брзо се рашири по социјалните мрежи, а ставот беше дека дури 95 отсто од студентите се против овој проект.

На социјалните мрежи подоцна имаше и негодување што ваквиот протест се закажува пред празник кога голем дел од студентите веќе заминале од градот.

Вчера премиерот Никола Груевски децидно изјави дека проектот ќе се спроведе и дека се разговара за моделот на тестирање.

Само пред две недели 2.000 студенти протестираа во Белград против измените на Законот за високо образование усвоени на почетокот на септември. Има ли разлика?

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад