ВИДЕО: Студентите го ослободија Универзитетот

Од:

Голем број студенти со извици “Слобода, слобода“ влегоа на Филозофскиот факултет и најавија дека нема да излегуваат од таму се додека не се изборат за нивните барања. Тие порачаа дека Универзитетот станува Автономна зона и нешто за кое одлучуваат студентите и професорите.

Со вреќи за спиење, храна и пијалоци и заедно со професорите тие го запоседнаа Филозофскиот факултет и го означија како свој простор кој ќе го бранат од власта која ја наруши автономијата. Најавија дека не се откажуваат од битката за слободен универзитет и негова автономија и дека ќе имаат постојани дежурства.

На премиерот Груевски му порачаа дека нема да наседнат на неговото, како што велат, наводно омекнување.

„Немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сме сложни и затоа што гласно на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование. Да го освоиме назад Универзитетот, време е за автономна зона“, порачуваат Пленумци.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on