ВИДЕО: Поддршка до Заев – Струмица никогаш нема да биде ВМРО-вски град

Од:

Поддржувачите на градоначалникот на општина Струмица и потпретседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва спонтано се собраа пред партиските простории во Струмица за да му ја дадат поддршката за одлуката за неподнесувањето на кандидатура и да му покажат дека се негови верни следбеници до крај!

Пред насобраниот народ зборуваше Коста Костадинов претседател на Локалниот Клуб на СДММ од Струмица.

„Добровечер храбри луѓе, Како претседател на ЛК СДММ Струмица сакам да ве поздравам од мое и од име на нашиот градоначалник Зоран Заев кој искрено жали што не е тука лично тој да ви се обрати.

Вечерва сме собрани од револт, но се надевам и со голема желба да дадеме допринос во разрешувањето на дадената ситуација, со огромна поддршка кон нашиот градоначалник. Сакаме да опстоиме во Отпорот кој повеќе од два месеци го даваме кон актуелната власт. Опстојуваме и целосно застануваме на одлуката градоначалник како потпретседател на СДСМ.

Струмица никогаш нема да биде вмровски град.

Се ќе направиме да се најде излез и коректно решение пред се за Македонија,а после и за Струмица. Сакам да ви упатам порака да бидеме стрпливи и да истраеме во играта која ни ја наметна актуелната власт, бескорпулозно сакајки да ја уништи опозицијата.

Во очекување на конкретни решенија и разврски искрено и другарски од Вас барам најголемо единство. Да не потклекнеме под уцени, закани и притисоци. Веруваме во мудроста и одлуката на нашето раководство, а најмногу му веруваме на нашиот градоначалник Зоран Заев

Бевме и ќе останеме лојални и верни социјалдемократи со една заедничка цел МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ“, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски