(ВИДЕО) Струмениковска: Битола заслужува шанса за демократија, слобода, просперитет и подобра иднина

Од:

„Денеска одлучив да кажам збор-два за демократијата запишана во нашата Изборна Програма со низа мерки за нејзино зачувување и промовирање на транспарентноста, отчетноста и правната сигурност. Збор, кој го нема во Програмата на нашите политички опоненти од ДПМНЕ, а исто така ни почитта кон почитичкиот противник. Слушам секојдневно промовираат дел од мерките во нивната нова Програма и тоа со по неколку пресови на ден. Напишале голем број проекти, ама Битола читам никаде ја нема.

После секој наш прес, излегуваат со контрапрес, скриени зад некој од нивните помали коалициони партнери, навредувајќи и омаложувајќи ја личноста на нашите кандидати за пратеници или се кријат зад некое партиско соопштение. Ама од вистината не се бега. Во последните 16 години, од 1998 до сега, цели 12 години е ДПМНЕ на Власт, и се уште бараат виновници, наместо да ги решаваат проблеми на граѓаните. Имаа шанса цели девет години да направат нешто од ветеното. Ветено- неостврено неколкупати по ред“, изјави Наташа Струмениковска, кандидатка за Пратеничка од ИЕ 5, СДСМ Битола.

„Велите ќе ги вработиме младите, а тие половината веќе се иселени од овде, кој кон метрополата, кој кон странство. Во првиот мандат ги вработувавте своите деца, во вториот мандат роднините, е во третиот можеби и некој член партиски ќе дојде на ред. А што да правиме ние сите останати? Друг Ваш кандидат за пратеник промовира реконструкција на улиците и инфраструктурата во селата. А дупките низ улиците во градот Битола, кога планирате да ги направите?  А една од Кандидатките говори за образованието, а тоа е во најочајна состојба од секогаш, учителите и наставниците фрустрирани од обемна администрација, со инспекциски надзори и казни, ама затоа секојдневно инволвирани во Вашата партиска агенда, а учениците уморни со преобемна настава.

Ама влезови и кружни текови прават, но со зафати кои траат по неколку месеци, да не речам цела година, небаре метро градат во Битола. Многу малку од програмските ветувања реализираа досега. Битолчани гледаат што се случува со Градот, ветено- неостварено.

Останува уште хорски да отпеете некој од деловите од Програмата, енциклопедија со замислени желби, и се да биде појасно. Нашата Битола и Македонија заслужуваат подобро, шанса за демократија, слобода, просперитет и подобра иднина.

Е, затоа требаат промени, токму затоа на 27 Април заокружете единица“, рече Наташа Струмениковска, кандидатка за Пратеничка од ИЕ 5, СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев