(ВИДЕО) Стоте дена на Жерновски: Остварив 98 проценти од ветеното

Од:

Градоначалникот на општина Центар на стоте дена од неговиот мандат кажа дека 98 проценти од изборната програма веќе ја остварил и покрај тешкотиите кои ги затекнал-испразнет буџет, потрошени сите пари предвидени за цела година, долг на општината од 5,5 милиони евра.

Информациите кои беа пласирани од одредени медиуми дека извршил само една дислокација на канделабра ги оцени како тенденциозни со цел да се добие впечаток дека ништо не работи.

Под мотото „Сто дена слободна општина Ценар“, Жерновски кажа дека примарна цел му е советниците и општината да им се вратат на интересите на жителите на Центар, а не да служат за интересите на власта. Ваквиот обид имало намера да биде спречен со бројните инспекции, односно за 60 работни дена имало 26 инспекции или по една во секој втор работен ден.

centar 01

– Горд сум на постигнатите резултати. Покажавме дека не го поддржуваме проектот „Скопје 2014“, бев дециден дека нема потреба граѓаните да го плаќаат неговото одржување, но покажаав и дека немам намера да уривам или да ставам нови споменици. Затоа 1, 6 милиони евра од одржувањето ги пренасочив кон новото училиште во Капиштец, рече Жерновски.

Од сработените проекти кои на слајдер ги прикажуваше градоначалникот на Центар прв беше спомнат бесплатното паркирање за жителите на општината.

Тој кажа дека Јавното претпријатие и самостојно почнало да ги доставува дозволите за бесплатно паркирање до граѓаните, без да го побараат тоа.

centar 02Отпочна процесот на гасификација во општината. Жерновски кажа дека се реконструирани три улици, отпочната целосна реконструкција на Путу Гули, и најави дека на улицата Ѓорѓија Пулевски од тротаорите ќе се отстраната сите возила и ќе се врати дрворедот.

На дивот паркинг кај Буњаковец веќе се привршува со нов парк од 1100 метри квадратни, со клупи и корпи за отпадоци.

Обновено е зеленилото во Центар, на пет пунктови секојденво се работи. Го спомна проектот -расчистување на 32 диви депонии, обновени и поставени 350 цветни корпи. Направен е нов парк до цветниот пазар од 2000 метри квадратни, на местото на запуштен простор. Почнат е проектот за обновување на енеергетски ефикасни фасади, во првиот зафат на 12 колективни објекти. Почнато обновување на подовите во 21 училница во ОУ Димитрија Миладинов, каде 58 години не било интервенирано. Реконструкција на електричните инсталации во четири основни училишта. Најави нов парк во Капиштец, со нови клупи и систем за наводнување на зеленилото. Подготвена програма за располагање со државното земјиште во општина Центар.

centar 03

– Ќе се стави крај на распродажбата на најатрактивното земјиште во Центар по багателни цени. Владата има законски рок до кога треба да го прифати ова барање, рече Жерновски.

Завршна фаза на реконструкција на градинката Панорама. Отворена е првата читална „Славко Јаневски“ со преку 4000 книги. Веќе функционира нов пензионерски клуб во Капиштец. Има отворен ден со граѓаните.

За сто дена се издадени 250 решенија за легализација на градбите. Досегашниот просек бил по 41 на месец, сега ебројката е 72 месечно.

centar 04

Тој кажа дека се распишани јавни набавки за изградба на нова детска градинка во Капиштец и ново училиште во општина Центар.

– 98 проценти од она што е наведено во изборната програма е реализирано или почнало да се реализира. До крај ќе инсистирам да нема привелигирани граѓани во општина Центар и ветувам дека нема да има граѓани кои ќе бидат над законот, но ниту такви кои ќе бидат под законот,рече Жерновски.

Градоначалникот на Центар како дел од реализираните ветувања ја спомна и ревизијата на проектот „Скопје 2014“, за кое точно на третиот месец од работата, деновиве Комисијата ќе излезе со прелиминарните резултати. Тој рече дека воопшто не се точни констатациите дека доцни со отчетот, со оглед дека во Центар имаше три изборни круга.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории