(ВИДЕО) Стоп за лошите закони, Уа! за Живко Митревски

Од:

Претседателот на ССМ, Живко Митревски, доби извици со негодување и едногласно барање за негова оставка на денешниот протест пред Владата додека на присутните им се обраќаше лидерката на стечајците, Лилјана Герогиевска. Насобрание граѓани извикуваа „Уа! Уа!“ кога ќе се споменеше неговото име, а Георгиевска му порача на Митревски дека нема уште долго да биде на таа функција.

– Владата се менуваа, луѓето во Владата се менуваат, така што господин Живко нема уште долго да биде на чело на ССМ. Тој е најголем проблем за нас стечајните работници. Игнорирани сме од Владата, игнорирани сме од ССМ, не најдоа за сходно ниту денес да не повикаат кај нив – рече Герогиевска.

Таа ги повика граѓаните од вторник да се потпишуваат на отворените петиции за поддршка до стечајните работници, за конечно, рече, да ги добијат тие 6.000 денари за кои со години молат. На работниците им порача да бидат истрајни во нивната борба како што се стечајците.

– Сакаме да го дигнеме гласот против лошите закони кои ни ја загрозуваат иднината. Слушнете го гласот на обесправените, не сакаме да бидеме робови кои ќе ги спроведуваат вашите наредби! – им порача на насобраните претседателот на синдикатот на УПОЗ, Пеце Груевски.

Тој потсети дека пред 129 години, во 1886 година над 300.000 работници во Чикаго протестираа за она што денес го имаат работниците, осумчасовно работно време.

– Ниту еднаш до сега не се одважија да им го честитаа празникот на работниците, а се тепаат да испратат честитики за верските празници. Ниедно државно знаме не е развиорено по повод овој празник. Ние сме тука затоа што сакаме да бидеме дел од светското синдикално движење, сакаме да го дигнеме гласот затоа што не сме задоволни од односот на капитализмот кон трудот. Слушнете го гласот на народот, на стечајците, на работниците и на средношколците. Бараме да не почитувате, а не да ни наметнувате закони. Стоп за лошите закони кои се носат без да се почитува нашето мислење – рече Груевски.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција