(ВИДЕО) Стојановски: Запуштениот здравствен дом во Лисиче потврда за хаосот во здравство

Од:

Наместо да им служи на граѓаните здравствениот дом во Лисиче е оставен на забот на времето, руниран. Вистината за овој објект е многу сурова и тажна, ја покажува целосната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за здравството и здравјето на граѓаните. Повеке оддели не функционираат и се затворени а преостанатите функционираат во мизерни услови, рече Дарко Стојановски, член на Комисија за здравство на СДСМ.

 
Еве погледнете, овој здравствен дом се распаѓа, санитарните јазли се запуштени,  вработените и пациентите се изложени на ризик од доплонителна зараза. Опремата во домот е стара, недостасува медицински и лекарски кадар. Поради тоа граѓаните се приморани да одат во други здравствени установи за да бидат прегледани.slika5
 
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски потрошија 630 милиони евра за споменици а граѓаните на Скопје, на Лисиче, не можат да добијат основни здравствени услуги во достоинствени услови.
 
Овој здравстевн дом објект е заборавен од власта во заминување. Не само што не е одржуван, не само што воопшто не е инвестирано во него, туку нема донесено ниту еден нов медицински апарат.slika4
 
Се потрошија 630 милиони евра за споменици а граѓаните не може достоинствено да се лечат. Дури и палмите во Скопје добиваат подобар третман и грижа.
 
За Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години најважни беа провизиите и бизнисите а не интересот на граѓаните.slika3
 
Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон граѓаните и решавање на нивните проблеми.
 
СДСМ има системски решенија за создавање на вистинско јавно здравство, со бесплатно лекување за сите и ослободување од партиципација.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски