(ВИДЕО) Стојановски: Советниците на СДСМ изгласаа урбанистички план кој предвидува изградба на над 100 згради во Хром и центарот на Ѓорче

Од:

„Александар Наумоски и СДСМ продолжуваат со хаосот кој го донесоа во Ѓорче Петров. Покрај лажните и неисполнети ветувања, нереализирани проекти, промашени инвестиции во секојдневието, безидејноста и криминалот, непотребните задолжувања, сега истите ќе предизвикаат и прав урбанистички хаос во Ѓорче Петров“, рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„На последната седница на советот на општината советниците на СДСМ по налог на Наумоски изгласаа урбанистички план за населеното место Хром со кој се предвидува да се изградат над 100 нови згради во Хром и центарот на Ѓорче, највеќето од нив високи и над 13 метри.

За лицемерието да нема крај, Наумоски во предизборната кампања ветуваше ревизија на урбанизацијата во делот на Хром и центарот на Ѓорче Петров што не е урбанизиран, а наместо ревизија единствено што исполни е дополнителна урбанизација спроведена по личниот и интересот на неколкумина свои соработници.

ВМРО – ДПМНЕ најавува дека одблиску ќе го следи овој процес и за секоја зграда што се планира да се гради и начинот и постапките за истите ќе ги информира навремено сите граѓани“, изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му