(ВИДЕО) Стојановски: Наумовски ја задолжи општината, а нема во план да ја изгради градинката во Волково

Од:

„Неработењето и негрижата се основна карактеристика на владеењето на СДСМ, како на локално така и на централно ниво.

Родителите мака мачат да си ги запишат во градинка своите деца, а градоначалникот на општина Ѓорче Петров и ресорната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска ич не им е гајле.

Пред неполни две години сегашниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во својата предизборна програма ветуваше
изградба на нова детска во Волково, токму тука на ова место, проширување на капацитетите на постојната градинка во Димитар Поп Георгиев- Беровски и реконструкција на детската градинка во Дексион.“, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Но и по две години од преземање на неговата функција граѓаните од ова населено место не добија ништо од ветеното.

Единствено нешто што направи оваа ненародна власт e што при ребаланс на буџетот континуирано ги крати средствата за изградба на градинки.

Наумоски ја задолжи општината за 14.5 милиони денари, а нема во план да ја изгради градинката во Волково која им ја вети на граѓаните.
СДСМ и Наумоски не само што не прават ништо на планот згрижување на деца во градинка, туку се неспособни и проектите кои ги остави ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени финансии како завршување на фекалната канализација и асфалтирање на над 35 улици да ги завршат.

На Република Македонија и се потребни промени. Промени кои ќе придонесат за доброто на граѓаните. Затоа за сите овие ненародни политики кои граѓаните ги чувствуваат, Наумоски и Царовска треба да си поднесат одговорност.“, наведе Стојановски.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски