(ВИДЕО) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува – хидросистемот Ѓавато не функционира

Од:

Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, изјави Љупчо Стојановски од Комисија за животна средина на СДСМ.

Алармантната е состојба со хидросистемот Ѓавато. Речиси четири месеци водата не тече низ каналот, систем изграден за да го одржува водостојот на Езерото и да спречи негова деградација. Пумпите кај Богданци се исклучени, делови од системот се уништени, цевководот е во распаѓање, а коритото е целосно неодржувано.

Иако, Министерството за животна средина и просторно палнирање е задолжено да обезбеди финансиски средства во буџетот за 2025 година за реконструкција на хидросистемот, негово ставање во функција за да се обезбеди дотур на вода во Дојранско Езеро.

Од ноември 2024 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја лаже јавноста дека ќе го санира системот. Досега – ништо.

Не е направен ниту еден конкретен чекор. Последиците веќе се видливи: Хидросистемот Ѓавато не функционира. Дојранското Езеро нема дотек на вода. Нивото на езерото е под дозволениот минимум. Биодиверзитетот е загрозен. Туризмот трпи штети. Егзистенцијата на стотици семејства е доведена во прашање. Премиерот Мицкоски, наместо да побара одговорност и да понуди решенија, влезе во јавен конфликт со новинарка која го постави легитимното прашање за состојбата со хидросистемот. Кого бранеше Мицкоски, дали својот коалициски партнер? Што прави ЗНАМ, ова ли е нивната грижа? Каде е коректорот? Или само бизнисот во Куманово го интересира? Ова не е прашање на политички односи туку на животната средна. Затоа СДСМ бара итна и реакција од институции, пред се министерството за животна средни:

-Да се санира веднаш и да се пушти во функција системот Ѓавато.
-Да се воспостави редовен мониторинг за нивото на водата и јавноста да биде навремено информирана.

Секој следен ден неактивност е директен удар врз животната средина, врз граѓаните и врз иднината на регионот. Не смее да се дозволи Дојранско Езеро да стане жртва на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, изјави Стојановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст