(ВИДЕО) Стојаноски: Откриени злоупотреби со јавните набавки во 19 здравствени установи и клиники

Од:

. Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ. Од извршените 24 целосни финансиски контроли, кај 19 се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Лоцираните неправилности се во следните ЈЗУ: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом – Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид, Здравствен дом – Пробиштип. Неправилностите во здравството, го метастазирале системот. Злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има, изјави Стојаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти