(ВИДЕО) Стојаноска: Заев да ги разреши Смаиловиќ и Бојаровски

Од:

„Зоран Заев наместо да пишува празни памфлети на социјалните мрежи веднаш да ги разреши Мерсиха Смаиловиќ од позицијата во СДСМ и Зоран Бојаровски од позицијата советник на премиерот во владата.

Антисемитизмот и говорот на омраза од функционери на СДСМ не смее да остане неказнет.

Празната осуда без конкретни дела е поддршка за нападот на верска и национална основа врз Рашела Мизрахи од функционери на неговата партија“, рече Дафина Стојаноска – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неказнивоста сега, ќе значи поддршка на расистичките и нацистичките тенденции во СДСМ.

Осудите за антисемитизмот на СДСМ стигнаа од повеќе места во светот, но Зоран Заев останува нем на осудите и не ја разрешува Мерсиха Смаиловиќ од партиската функција, ниту Зоран Бојаровски од државната функција.

Сите го гледаме вистинското лице на Зоран Заев, тоа е лице на ширење на омраза и поделби.

Атмосферата за шиканирање на различностите е креирана од Зоран Заев.

Нездравиот амбиент во општеството мора да се искорени. Македонија мора да биде држава во која секој ќе се чувствува безбеден“, изјави Дафина Стојаноска – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му