(ВИДЕО) Стојаноска: ЈО со своето неделување во 2018, му овозможило на Дончев да го стои истиот криминал и во 2019 година

Од:

„Зоран Заев и ЈО директно го штитат осомничениот за криминал Ден Дончев кој незаконски се стекнал со над 100.000 евра во два наврати.

Медиумите објавија аргументи и докази кои индицираат на криминал кои сите го гледаат, само обвинителите од јавното обвинителство кои што се задолжени за гонење на криминал молчат.

Јавното обвинителство молчи и со тоа директно го крие и го помага криминалот на Ден Дончев.

Постапките на Јавното обвинителство се дрски и директно ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ЈО со своето не делување и непостапување дозволило Дончев во 2018 година незаконски да се стекне со 50.000 евра без за тоа да биде повикан барем на распит.

На Дончев му биле префрлени 50.000 евра од муртинската Ремаркет на име консултантски услуги иако истиот немал право да врши таков вид на дејност додека директорувал со ФЗОМ. Дончев директно го прекршил член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и за тоа поминал неказнет. Ова е срам за ЈО!

Не делувањето во 2018 година му овозможило на Дончев да помине неказнет и да го стори истото дело и во 2019 година кога од страна на истата фирма од Муртино Ремаркет му биле префрлени 80.000 австралиски долари.

ЈО кое според новата кривична постапка е главен орган во истата не преземало буквално никакви дејствија.

Целосна угушеност на постапките против Дончев имаме и од државните институции под контрола на Зоран Заев како Управата за финансиско разузнавање, Финансиската полиција и УЈП.

До кога институциите ќе го штитат и нема да преземат ништо против криминалецот Ден Дончев?

Со СДСМ на власт имаме само Рекет, криминал и корупција. Криминалците наместо на истражна клупа или во затвор, завршуваат со стотици илјади евра во џеб без притоа барем да бидат прашани како се стекнале со истите.

Македонија не може да продолжи по патот на криминал на Зоран Заев. Потребна е итна стратегија за излез од криминалната жабокречина.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски