„Членот 185 од Деловникот зборува дека Собранието може да расправа по информации доставени од Влада и други овластени предлагачи, но ова што три дена расправавме не беше апсолутно место да му се најде во една информација. Расправаме по одлука за влез на Македонија во сојуз односно во Европска Унија“, рече Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
„А членот 120 став 2 и 3 од Уставот вели: Одлука за стапување и истапувње од сојуз или заедница со други држави донесува Собрание со дво-третинско мнозинство гласови од вкупен број пратеници. Став 3 вели – Одлука за стапување и истапувње од сојуз или заедница со други држави е усвоена ако на референдум за неа гласало мнозинство од вкупниот број избирачи. Па ве прашувам колеги зошто имаше потреба тука завчера да ни доаѓа претседателката на Европската комисија или тука во галериите да ни се присутни екселенциите, претставници од ЕУ. Дали во некоја од нивните држави ваква одлука за влегување во ЕУ се носела само со просто мнозинство на пратеници во Парламент. Во ниту една држава ова се нема случено. Затоа ве молам немојте да играте. Три дена држите прес-конференции за поднесени заклучоци кои денеска ги изменивте и ги преформулиравте во еден заклучок кој ќе му го испратам на антимакедонецот Ковачевски.
Единствен заклучок на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е дека добивме само дезинформација по однос на протокол и предлог, а по таква дезинформација не расправаме. Вашето денешно гласање ќе има важност и трајност колку една обична бугарска прдешка“, додаде пратеничката.