(ВИДЕО) Стојаноска: Бесплатна правна помош за сите вработени во јавната администрација – жртви на оваа власт

Од:

„Власта во заминување врши секојдневен притисок и мобинг врз граѓани, вработени во јавната администрација.

Во последните неколку денови засилено се врши притисок врз наши членови, симпатизери и воопшто врз сите неистомисленици со власта, вработени во јавната администрација.

Според податоците кои секојдневно доаѓаат до нас регистрирани се неколку случаи на преместување и мобинг врз вработени во АВРМ, ЈП Македонски шуми, МВР и МЗШВ“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„До нас се пристигнати стотици неосновани дисциплински постапки, распоредувања од една општина во друга, распоредувања на пониско ниво и отказни решенија. Инспекциските служби и комисиите кои одлучуваат во втор степен по жалби за права од работен однос, се дел од систематскиот притисок што се врши врз вработените од јавниот сектор.

Власта ги шиканира вработените во јавниот сектор со цел пред избори да влее страв кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ја следи аздисаноста на власта и порачува, за шиканирањето, мобингот и заплашувањето на вработените во јавните институции ќе има одговорност. Никој не смее да им се заканува на граѓаните заради политичка определеност или неопределеност.

Власта треба да ги тргне рацете од јавната администрација, која професионално си ја извршува работата во корист на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги остави вработените во јавната администрација сами во борба со неправдата на СДСМ. Токму заради овие причини партијата нуди бесплатна правна помош за сите вработени во јавната администрација кои на било кој начин се жртви на оваа власт. За таа цел сите граѓаните, вработени во јавната администрација ќе можат да добијат стручна правна помош од партијата во сите Општински Комитети низ државата секој работен ден во период од 17 – 19 часот.

ВМРО-ДПМНЕ и ги охрабрува сите малтретирани вработени во јавниот сектор да ги пријавуваат сите видови на притисоци на работните места, зошто правда ќе има за сите, а функционерите – деспоти ќе одговараат за сите злоупотреби и притисоци!

Насилието нема да го спречи падот на оваа власта. На 12-ти април доаѓа обновата на Македонија, Од 13-ти април почнуваме со враќање на достоинството на администрацијата. Администрацијата ќе биде независна од политиката и ќе работи професионално и исклучиво во полза на граѓаните“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски