(ВИДЕО) Стоилковски: Заев спремен е да го жртвува датумот за преговори со ЕУ, само да си го продолжи криминалниот век

Од:

„Зоран Заев, главата на октоподот, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век! Јасно е дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Зоран Заев не дозволува ниту да се донесе квалитетен закон за ЈО, ниту да се расчисти со високата корупција во која што се вмрежени и администрацијата и правосудството!

Македонија ја тресат корупциски скандали од највисок степен со инволвирани имиња од власта, а нема решение, нема процес, нема ништо за ниту еден случај: Нема никаква разрешница за прислушувањето на јавните обвинители; Нема разрешница за Курто Дудуш и киднапирање и физичко малтретирање на граѓани; Нема разрешница за партизацијата со „Мрежа“, нема разрешница за злоупотреба на фондови; Нема разрешница за „Тополки“, нема разрешница за „Леонардо“, нема разрешница за „Рекет“; Едноставно, нема разрешница за ниту ниеден од скандалите за кои што пишуваат и меѓународни медиуми! Сега за „Рекет“, претходно за „Леонардо“, пред тоа за корупција и уценување во парламентот“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо справување со криминалот и корупцијата, Заев приведува новинари во полициски станици, обвинува и силува медиуми кои објавуваат за криминалот и корупцијата, без основа притвора опозициски функционери кои што говореа за криминалот и корупцијата на државната мафија!

Зоран Заев судството го претвори во пазар, тргува со правото и правдата, и притоа турка Закон за амнестија на октоподот, за заштита на рекетарското здружение, закон за наградување заради политичкиот прогон.

Ова не се европски вредности, ова не се условите за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, ова не се цели на Република Македонија. Ова се цели на Зоран Заев, фатен во криминал и кој што ќе стори се’ за да го продолжи векот на октоподот на државната мафија претворајќи ја Македонија во семеен нарко – картел.

Граѓаните и Република Македонија не смеат да бидат жртви и не смеат да бидат казнети заради криминалниот клан на Зоран Заев.

Зоране Заев доста е, го силуваше и жртвуваше минатото, не жртвувај ја и иднината на Македонија! Твоето заврши, излези на избори“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски