(ВИДЕО) Стоилковски: Зад хаосот на Ковачевски и Арсовска има договор бугарска фирма да го земе приватниот градски сообраќај?

Од:

„Зад хаосот во Скопје, долговите и девастирањето на градските претпријатија стојат провизии од мрсни, богати тендери и договори без рабат!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е да се отворат картите, време е за вистински одговори:

Дали нема попуст од милионскиот договор за нафта за ЈСП со фирма на пратеник од власта, затоа што има провизии кои се договорени да завршат во приватни џебови?

Дали е точно дека зад сите матни зделки на Град Скопје стои Драги Митковски познат како Драги Книга?

Дали сметководителот од Ѓорче Петров од заднина управува со ЈСП за провизии?

Дали заедно со него и прв соработник во договарањето на провизиите од матните зделки е близок роднина на Данела Арсовска.

Но и, дали зад тргањето на приватните превозници стои желбата превозот во Скопје да го преземе приватна фирма од Бугарија за која инсистира владата на Ковачевски?

Дали на средбата Арсовска – Ковачевски било договарана оваа компанија од град близу Софија да биде единствен приватен превозник во град Скопје?

Во моментот власт во Скопје се директорите на јавните претпријатија кои доаѓаат од СДС, од ДУИ и од Левица под патронат на Ковачевски и Арсовска.

Стотици луѓе немаат леб на маса, градот тоне во долгови, но затоа има огромни провизии!

Скопје не може да издржи уште еден криминоген и неспособен градоначалник!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник